ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика на приватност е подготвена како промоција на имплементираниот концепт за заштита на приватноста во ИКСНЕТС ДОО Гостивар, а со цел да се појасни начинот на кој се врши обработката на Вашите лични податоци.
Оваа Политика на приватност се однесува за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата/ регистрацијата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.
Собирање и обработка на Вашите личните податоци
При посетата на страницата, ИКСНЕТС ДОО Гостивар ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање, со цел на информирање и користење на нашите услуги и производи.
Цели за кои се користат собраните лични податоци
- Да обезбедиме известување за промена на условите и воведување на нови производи и услуги за клиентите;
- Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со нашите производи и услуги и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
- Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информации при јавување од страна на клиентите во врска со врска со нашите производи и услуги;
- Реализација на наградни игри и други промотивни понуди;
- Помош при појава на проблем при користењето на врска со нашите производи и услуги,
- Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност
Дополнително собраните податоци се користат за:
- Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
- Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
- За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.
Веб сајтот на ИКСНЕТС ДОО Гостивар го заштитува протокот на Вашите лични податоци преку мрежата со https протоколот за заштита на информации.
Пренос на лични податоци
ИКСНЕТС ДОО Гостивар не врши пренос на лични податоци во трети земји или меѓународни организации, освен кога тоа е неопходно за обезбедување на одредени услуги и кога се обезбедени соодветни заштитни мерки согласно Законот за заштита на личните податоци.
Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата на ИКСНЕТС ДОО Гостивар Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.
Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица
Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели.
Вашите права
Како корисник на нашата интернет страница, имате право на писмено барање упатено електронската адреса: dpo@iksnets.com да ги остварите Вашите права.
Како субјект на лични податоци имате право:
- да добиете информации за обработката на Вашите лични податоци;
- да побарате пристап до Вашите лични податоци;
- да побарате исправка на неточни или нецелосни податоци;
- да побарате бришење на личните податоци кога се исполнети законските услови;
- да побарате ограничување на обработката;
- да поднесете приговор на обработката заснована на легитимен интерес или директен маркетинг;
- да побарате преносливост на податоците кога обработката се врши автоматизирано и врз основа на согласност или договор;
- да ја повлечете дадената согласност во секое време без влијание врз законитоста на обработката пред повлекувањето;
- да поднесете претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија доколку сметате дека Вашите права се повредени.
Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен за одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.
Политика за колачиња
Што се колачиња?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот уред (компјутер, таблет или мобилен телефон) кога ја посетувате нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ја подобриме функционалноста на страницата, да го анализираме користењето и да Ви обезбедиме подобро корисничко искуство.
Какви колачиња користиме?
Неопходни колачиња
Овие колачиња се потребни за правилно функционирање на веб-страницата и не можат да бидат исклучени во нашите системи.
Примери: Одржување на корисничка сесија, Безбедност и автентикација и Основни функции на страницата
Аналитички колачиња
Овие колачиња ни помагаат да разбереме како посетителите ја користат веб-страницата преку собирање анонимни информации.
Примери: Google Analytics, Microsoft Clarity, Други аналитички алатки
Функционални колачиња
Овозможуваат веб-страницата да ги запомни Вашите поставки и избори.
Примери: Избран јазик, Локација, Кориснички преференци
Маркетинг колачиња
Се користат за прикажување релевантни реклами и мерење на ефективноста на маркетинг кампањите.
Примери: Google Ads, Facebook Pixel, LinkedIn Insight Tag
Колку долго се чуваат колачињата?
Колачињата можат да бидат:
- Сесиски колачиња – се бришат кога ќе го затворите прелистувачот.
- Постојани колачиња – остануваат на Вашиот уред одреден временски период или додека не ги избришете рачно.
Како можете да ги контролирате колачињата?
Можете во секое време:
- Да ги прифатите или одбиете колачињата преку банерот за согласност.
- Да ги промените поставките во Вашиот интернет прелистувач.
- Да ги избришете веќе зачуваните колачиња.
Имајте предвид дека оневозможувањето на одредени колачиња може да влијае врз функционалноста на веб-страницата.
Колачиња од трети страни
Нашата веб-страница може да користи услуги од трети страни кои поставуваат сопствени колачиња. Таквите услуги имаат свои политики за приватност и колачиња за кои тие се одговорни.
Промени на политиката
Го задржуваме правото да ја измениме оваа Политика за колачиња во секое време. Сите промени ќе бидат објавени на оваа страница.
Контакт за Контролор
ИКСНЕТС ДОО Гостивар - Друштво за сајбер безбедност, консултантски услуги, компјутерски
хардвер и софтвер
Адреса: Ул. 18-ТИ НОЕМВРИ Бр.55/А/ЛОКАЛ ГОСТИВАР
Е-пошта: contact@iksnets.com
Телефон: +389 71 306 305
Контак на Офицерот за Заштита на лични податоци: dpo@iksnets.com
Веб-страница: https://www.iksnets.com / https://www.iksnets.mk