Обуки

Сајбер безбедност | AI | Управување со ризици | Усогласеност

Практични и интерактивни обуки за организации и професионалци кои сакаат да ги зајакнат своите капацитети во областа на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција, управувањето со ризици и усогласеноста со Законот за заштита на личните податоци и новиот Закон за информациска безбедност.

🎯 Знаење што претвора ризици во можности

Портфолио на обуки

Нудиме практични и интерактивни обуки за организациски раководители, професионалци и тимови кои сакаат да ги зајакнат своите знаења во областа на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција, управувањето со ризици и регулаторната усогласеност.

🔍 ИТ Ревизија

Да се потсетиме на основните контроли и постапки за проверка на контролите во ИТ системите кои важат и денес

Обуката ги опфаќа основните принципи на ИТ ревизија, клучните ИТ контроли, пристапите за нивна евалуација и методите за тестирање на ефективноста на контролите во современи информациски системи.

🤖 Управување со AI ризици

Како безбедно и одговорно да се користи вештачката интелигенција

Преглед на ризиците поврзани со AI системите, управување со пристрасност, заштита на податоци, безбедност, транспарентност и воспоставување соодветни механизми за управување и надзор.

🔐 Сајбер Безбедност

Човекот како прва линија на одбрана

Практична обука наменета за сите вработени со фокус на препознавање на фишинг напади, социјален инженеринг, безбедно користење на електронска пошта, лозинки, мобилни уреди и работа од далечина.

👔 Сајбер безбедност за менаџери (C-Level)

Стратешки пристап кон управување со сајбер ризици

Обуката е наменета за членови на управни одбори, директори и високо раководство кои треба да донесуваат информирани одлуки поврзани со сајбер ризиците, деловната отпорност и регулаторната усогласеност.

⚖️ Како до усогласеност со Законот за заштита на личните податоци

Практичен водич за усогласување со законските барања

Обуката ги покрива обврските на контролорите и обработувачите, правата на субјектите на лични податоци, проценките на влијание, управувањето со инциденти и воспоставувањето на соодветна документација и контроли.

🛡Како до усогласеност со новиот Закон за информациска безбедност

Подготовка на организацијата за новите законски обврски

Преглед на барањата од новиот закон, потребните организациски и технички мерки, управувањето со ризици, известувањето за инциденти и чекорите за воспоставување одржлива рамка за информациска безбедност.

Зошто да ги изберете овие обуки?

Практичен пристап базиран на реални искуства и примери
Усогласеност со актуелната законска и регулаторна рамка
Прилагодена содржина според потребите на организацијата
Обуки за менаџмент, специјалисти и сите вработени
Фокус на примена на знаењето во секојдневното работење

Комплетната листа може да ја видите на следниот линк: Преглед на Обуки

Нудиме и In-house тренинзи прилагодени на Вашите специфични барања и потреби, како на пример  ИТ Реивизија и AI Ризици во Банкарското работење.

Закажете средба со Нашиот експертски тим или пратете e-mail до  contact@iksnets.com  да се договориме за обука кој одговара на Вашите потреби и ниво на ризици

 

Upcoming meetings